Возрасен маж допирал по телото 14-годишник во бања во Штип
Вчера, околу 15 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода П.Д.(66) од Република Грција.
Тој се сомничи дека околу 12 часот во просторија за тушеви во бања во Штип допирал по телото 14-годишник од Штип.
Според пријавеното, малолетникот со родителите отишле во бањата и откако се разделиле со неговиот татко во машкиот дел, П.Д. тргнал по него и го извршил делото.
Лицето е задржано во полициски станица и по целосно документирање на случајот против грчкиот државјанин ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 188 став 5 од Kривичниот законик.