Возот во Грција бил полн студенти кои се враќале од празниците


 

Грчката новинарка Алексија Калаици, која ноќта ја помина кај сообраќајната несреќа во која се судрија два воза, разговарала со преживеаните и тврди дека повеќето патници во патничкот воз биле студенти кои се враќале од празниците.

Вели дека морале да ги кршат прозорците за да можат да излезат од возот.

„Разговаравме со многу млади луѓе кои беа во потполн шок. Едно момче, 20-годишно, ни рече дека мислел оти ќе умре, кога слушнал силен удар, потоа почувствувал како целиот вагон оди на страна и целиот се срушил. Морал да побегне низ дупка“, вели Калаици.

Додава дека патниците морале со багаџот да ги кршат прозорците и да побегнат од вагоните.

„Ги виделе првите два вагони во пламен и чад, луѓето во паника бегале и врескале“, опишува новинарката.


Луѓето се кои разговарал повеќето биле студенти кои се враќале од празниците.

„Најтешко им било на родителите кои на железничката станица во Солун ги чекале своите деца и не можеле да ги пронајдат“, вели таа.

Бројот на загинати порасна на 36, а најмалку 80 се тешко повредени.

Возовите, еден товарен и еден патнички, се движеле на ист колосек со брзина од околу 160 км/ч. Ниту еден од возачите не знаел дека на иститие жини има друг воз од спротивен правец.

Се изнесуваат мртви, главно млади

Еден од спасувачите кои веднаш стигнале на местото на несреќата ја опиша катастрофата која ја затекнал.

„Ситуацијата беше трагична затоа што имаше многу мртви, од еден наутро само мртви извлекуваме. Повредените успеале да избегаат од вагоните во првите час и половина по несреќата, а потоа изнесувавме само мртви“, вели тој. Додава дека повеќето од настраданите се студенти.

„80 отсто од патниците беа млади, до 30 години“, вели тој.