(Вознемирувачко) Видео од падот на висечкиот мост во Србија


 

Две жени загинаа, а 10 лица се повредени во тешката несреќа која се случи вчера во Србија, во местото Овчар Бања, откако висечки мост над реката Западна Морава, се откачи и падна во реката.

По него во тој момент оделе туристи од Босна и Херцеговина. Тие биле во обиколка на српски манастири, а ова место било само попатна станица за нив.

Тука застанале два автобуса од Зворник, да напарават пауза.

Тргнале кон манастирот Јовања, а свештеникот што бил со нив ги предупредил дека мостот треба да го поминуваат во помали групи. По сѐ изгледа тие не го послушале, па поради нивната тежина мостот падна во Западна Морава.

Голем број спасувачи, полицајци и повеќе од 80 лекари и медицински сестри веднаш тргнале во акција да ги извлечат луѓето од реката и ги пренеле во болница, а причината за смртта на двете жени ќе биде утврдена подоцна по анализите.