Видео од Турција кое прикажува како неколку автомобили се лизгаат низ стрмна замрзната улица во главниот град Анкара, стана вирално на интернет. Снимката е направена на 24 декември.
Видеото го снимил тинејџер кој потоа го објавил на социјалните мрежи, а во нешто повеќе од 50 секунди може да се види како возачите губат контрола над возилото, па удираат во други автомобили на улицата.
Освен тоа, се гледа и дека неколку автомобили се бидуваат да возат по замрзнатата улица.
Според пишувањата на Ројтерс, оштетени се десетина автомобили.