Воздухот токсичен, невладините бараат мерки


Панорама на Скопје од Водно - Фото: Б. Грданоски

Во период од 23 и 3 часот, денес беше регистриран висок степен на загаденост во воздухот во главниот град, забележува Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје, од каде бараат и соодветни мерки од Владата за заштита.

Покрај Скопје, токсичен воздух дишеа и жителите на повеќе македонски градови, а од нив би ги издвоиле: Тетово, Гостивар, Кичево, Битола, Берово и Штип.

Статистички гледано, загадувањето на воздухот е главна причина за прерана смрт и појава на болести и воедно е најголем ризик за одржување на здрава животна средина во државата и Европа.

Мозочниот удар и срцевите заболувања се најчестите причини за прерана смрт што се припишуваат на загадениот воздух, а потоа следат белодробните заболувања и ракот на белите дробови, кои се, исто така во подем.

„Апелираме до Владата веднаш да донесе мерки со кои ќе се заштити здравјето на граѓаните и животната средина. Бидејќи здравата животна средина и чистиот воздух се човекови права“, додаваат од ИДЧПД.