Воздухопловната бригада ќе го одбележи Денот на единицата


Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, Воздухопловната бригада денеска ќе го одбележи Денот на единицата.

Денот на единицата согласно програмата ќе се одбележи со обраќања и доделување стимулативни мерки, а ќе биде прогласена и најдобра единица од бригадата.

На свеченоста ќе присуствуваат заменик на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, армиски генерали, високи претставници од Министерството за одбрана и генералштабот, команданти на команди и единици на армијатаи други високи гости.

Воздухопловната бригада го прославува 10 јуни како датум на кој се случил првиот лет на македонски воен екипаж на Военото воздухопловство на АРМ во 1992 година.