Возачите не биле вработени во „Беса транс“, на едниот му бил истечен и сертификатот


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави денеска дека едниот од возачите на автобусот на „Беса транс“ кој настрада во Бугарија, не бил вработен во компанијата и имал сертификат со важност до ноември 2023 година, а другиот возач  не бил вработен во ниту една фирма за да ја врши таа дејност и му бил истечен сертификатот во деветти месец 2020 година.

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес конференција во Владата.

„Од март оваа година има застој во полагањето за сертификати за возачи“, рече Бочварски, најавувајќи дека се работи на решавање на застојот.

Колку е голем проблемот зборува податокот дека во овие неколку месеци има околу 1.500 возачи на кои што им истекол сертификатот и треба повторно да полагаат за да го продолжат.