Возач во Хрватска доби рекордна казна од 3.700 евра


На триесет и тригодишен возач од Копривница му е изречена рекордна казна од 27.700 куни (околу 3.700 евра) за повеќекратни сообраќајни прекршоци. Тој исто така е казнет со деветмесечна забрана за управување со моторно возило.

Станува збор за построги одредби од Законот за безбедност во сообраќајот, пишува „Вечерњи лист“. Полицијата го фатила возачот во неделата во 2.10 часот во копривничката населба Река.

Откако ја минал ноќта во полициски притвор, тој бил однесен во Прекршочниот суд во Ѓурѓевац. Судот установил дека 33-годишникот управувал со нерегистриран и неосигурен автомобил пред да се стекне со право да управува со моторно возило и бил под дејство на алкохол од 1,61 промили.

Тој доби највисока казна во историјата на Прекршочниот суд во Копривница.