(Видео) Возач влетал со автобус на станица во Истанбул, 13 повредени


Најмалку 13 луѓе биле повредени во Истанбул кога возач влетал со автобус меѓу луѓе на преполна станица, а потоа со нож ги нападнал оние што се обиделе да фатат, соопшти турската полиција, наведувајќи дека напаѓачот бил уапсен.

Се додава дека станува збор за 33 годишен маж. Меѓу повредените имало тројца ирански државјани и две деца.

Засега не е познато дали возачот намерно или случајно влетал со автобус меѓу луѓето.