Возач прегази две малолетнички во Кичево и избегал од местото на несреќата


Фото: Б. Грданоски

Возач прегази две малолетни девојчиња во Кичево и избегал од местото на настанот.

– На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата. Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.