Воз прегазил мигрант кај Градско, починал на лице место


Вчера во 18:40 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, во близина на с.Ногаевци, општина Градско, удрил во А.И.(23) од Пакистан, кој починал на местото.

Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.