Вооружен се шетал во полициски час


Фото: Б. Грданоски

Младо момче во Скопје, во време на полициски час, во неделата се шетал вооружен, соопшти МВР.

Околу 17.10 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Никола Карев“, при извршен преглед кај Б.Р.(20) од Скопје, пронашле еден гасен пиштол, една рамка со пет куршуми и една чанта со 21 куршум.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.