Вооружен напаѓач уби три лица во трговски центар во Индијана


Вооружен напаѓач уби три лица во ресторан во трговски центар во предградие на Индијанаполис во американската држава Индијана. Напаѓачот е убиен од вооружен случаен минувач, соопшти полицијата.

Машкото лице синоќа со пушка влегло во трговскиот центар Гринвуд Парк и почнало да пука во ресторан, појасни шефот на полицијата на Гринвуд, Џим Ајсон.

Според Ајсон, две лица се повредени.

Пребаран е целиот трговски центар, но, се верува дека нападот бил ограничен на делот за ресторани.