Вонредно во два грчки града


 

Грчката влада прогласи вонредна состојба во два града во регионот Хераклион на Крит, Кастели и Трапсанос.

Обилните дождови кои паѓаа во петокот и во саботата доведоа до поплави во нив и многу лизгање на земјиште.

Вонредната состојба ја воведе заменик-министерот за цивилна заштита за управување со кризи Никос Хардалиас, пренесе АНА.

Вонредната состојба ќе биде на сила во следните шест месеци, односно до 6 мај 2021 година.