Вонредна состојба во Киргистан: Наредено распоредување на војската
Претседателот на Киргистан Соронбај Женбеков прогласи денеска вонредна состојба во главниот град Бикшек и нареди распоредување на војската.
Во наредбата не се прецизира колку војници ќе бидат распоредени во главниот град, но им се даваат инструкции да корситат воени возила и да постават контролни пунктови.
Со указот за вонредна состојба се предвидува полициски час кој ќе почне вечерва во 20 часот и ќе трае до 21 октомври наутро во 8 часот, пренесе Ројтерс.
Женбеков порано денеска изјави дека е подготвен да поднесе оставка кога ќе се формира владата, а за да се сопрат немирите настанати откако приврзаниците на опозицијата во вторникот, по објавување на резултатите од парламентарните избори, ги зазедоа владините згради.
Женбеков ги повика сите политички чинители во земјата да го зачуваат мирот и да ги сопрат поделбите во општеството.