Волтон на чело на Форбсовата листа на 50 најбогати американски семејства 


Во годинашниот рејтинг на Форбс за 50. најбогати семејства во САД, на прво место е семејството Волтон со супермаркетите „Волмарт“. Вкупното богатство на ова семејство изнесува 247 милијарди долари. 

На второ место е семејството Кох, кое управува со хемискиот гигант „Кох индустрис“. Овој познат американски клан има вкупно богатство во вредност од 100 милијарди долари.  

На трето место е семејството Марс, сопственик на кондиторски производи, вклучително и истоимените чоколади. 

Потоа, на четврто место е семејството Каргил-Макмилан со 47 милијарди долари (управува со компанијата „Каргил“). По него следува Лаудер, со 40 милијарди долари (сопственик на производство за козметика „Естер Лаудер“).  

Останатите семејства како Њухаус (издаваштво), Прицкар (хотелиерство), Кокс (медиуми) С.К. Џонсон (козметика, средства за хигиена), Е.К. Џонс (менаџмент на капитал), секое поединечно поседува меѓу 30 и 37 милијарди долари богатство. 

Според проценките на Форбс, вкупниот имот на  50-те најбогати семејства во САД изнесува 1,2 билиони долари.