Волстрит повторно во црвено, потонаа акциите на „Алфабет“ и на „Мајкрософт“


 

На Волстрит, индексот S&P 500 падна во средата, по тридневен раст, што најмногу се должи на притисокот врз технолошкиот сектор, по послабите од очекуваните деловни резултати на „Алфабет“ и на „Мајкрософт“.
Индексот Дау Џонс зајакна 0,01 отсто, на 31.839 поени, додека S&P 500 падна за 0,74 отсто, на 3.830 поени, а индексот Насдак за 2,04 отсто, на 10.970 поени.

Падот на S&P 500 и Насдак најмногу се должи на притисокот врз технолошкиот сектор, откако „Алфабет“ и на „Мајкрософт“ објавија послаби од очекуваните резултати за третиот квартал.

Цената на акцијата на „Алфабет“ потона за повеќе од 9 отсто, а на „Мајкрософт“ за повеќе од 7,5 отсто.

Од 170 компании од индексот S&P 500, кои досега објавија извештаи, околу 75 отсто од нив ги надминаа очекувањата во однос на заработката.