Володин ги спореди сојузниците на САД со мажи кои го смениле полот
Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, ги спореди сојузниците на САД со мажи на кои им е извршена операција за промена на полот.
– Земјите кои му се покоруваат на Вашингтон ќе го изгубат својот суверенитет, исто како што мажите губат нешто кога го менуваат полот, рече Володин на денешната седница на Думата.
Тој ги коментираше бројните прогнози за тоа како американската надворешна политика би можела да се промени со доаѓањето на Доналд Трамп на власт. Претседателот на Државната Дума потсети дека во својот инаугуративен говор, новиот американски лидер најави укинување на политиката за родова еднаквост на неговиот претходник Џо Бајден и враќање на системот со два пола – машки и женски.
– Вчера се бореа за истополови бракови и промена на пол, наметнувајќи ја оваа политика на цела Европа, а денес велат – не, вратете го полот. Така ќе биде и со земјите: Ќе го изгубат својот суверенитет – исто како што изгубија нешто оние кои го промениле полот. Ова особено се однесува на мажите, рече Володин, обраќајќи им се на пратениците.