„Волмарт“ престанува со продажба на оружје поради масовните убиства
Компанијата „Волмарт“ соопшти дека ќе престане со продажба на муниција за пиштоли и онаа која може да се користи за автоматски пушки во продавниците ширум САД.
Овој потег доаѓа по неодамнешните масовни убиства во Тексас и Охајо.
„Волмарт“ е најголем продавач на оруќје во САД, а како и останатите корпорации, сѐ повеќе се вклучува во дебатата за оруѓјето и безбедноста, пренесе Ројтерс.
Компаниите, како и конкурентите „Фред Мајер“ и „Диклс спортинг ганс“ веќе ја прекинаа продажбата на автоматски пушки и ја зголемија возрасната граница на купувачите на 21 година.