Војската на помош во болниците во Словенија


 

Словенечките оружени сили ангажиррани се во цивилните болници за да им помогнат во справувањето со големиот број пациенти заболени од Ковид-19.

Војската упати четири тима со вкупно 20 припадници и опрема за следење на виталните функции на пацинентите.

Во извештајот на агенцијата СТА се наведува дека военомедицински тимови ќе помагаат во двата униврзитетски центри во Љубљана и во марибор, како и во болниците во Цеље и во Ново место.

Тимовите кои вчера беа распоредени во секоја од установите се составени од една медицинска сестра, медицински техничар, медицински помошник и два борбени спасувачи.

Во зависност од потребите, припадниците на војската ќе работат во единиците на интензивна нега за ковид-пациенти, во одделенијата на ургентна медицина и во другите болнички служби.