Војниците денес ќе добијат нови униформи


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ ќе присуствува на промоцијата на новите униформи за припадниците на Армијата.

Планирано е Шекеринска да оствари средба со припадниците на единиците на Армијата на кои ќе им честита за помошта што ја дадоа за време на вонредната состојба во земјава.

Армијата неодамна доби нови униформи, вкупно 9.100 комплети палта и панталони.

– Со новите армиски униформи се заокружува пакетот мерки преземени од министерката Шекеринска за надминување на затекнатата состојба во Армијата со дотраена војничка и борбена опрема, ниски плати, селективна исплата на закупнина за стан, укинати дневници за дежурство, неповолни услови за пензионирање и недоволен буџет во одбраната за одржување на функцијата на Армијата, велат од Министерството за одбрана