Војници пукале врз напаѓач кој им се заканувал со нож


Француски војници денеска отвориле оган врз маж кој им се заканувал со нож пред воена болница во Лион, соопшти полицијата.

Притоа напаѓачот е повреден во нога.

Полициски извори наведуваат дека е покрената истрага, но засега не е познат идентитетот на напаѓачот, ниту мотивот за нападот.

Напаѓачот се наоѓа в болница и нема повреди опасни по живот.