Војна во затвор -фрлена граната, најмалку 40 мртви


Немирите што избувнаа во затворот во државата Португеза, во центарот на Венецуела на околу 450 километри оддалеченост од Каракас, започнаа со протест на осудените лица кои бараа на нивните семејства да им овозможи да им носат храна. Набргу потоа, избувнаа вооружени судири каде се убиени најмалку 40 лица, при што се десетици затвореници и чувари ранети.

Била фрлена граната и припадник на Националната гарда е ранет во експлозијата.

Група затвореници, наводно, ги нападнале чуварите кои биле на стража пред затворот, а управникот бил ранет со нож. Затворениците потоа биле стрелани од армијата кога се обиделе да избегаат преку главниот влез на затворот.

Затворот Гуанаре може да прими 750 затвореници, но неговиот капацитет е пренатрупан – во моментот има повеќе од 2.500 затвореници.Ова не е конечниот број на загинати. Светските медиуми пренесуваат дека може да има повеќе мртви.

По социјалните медиуми кружат лажни снимки на кои се гледаат безживотни тела на подот на затворот.