Сузана Турунџиева одмора на Малдиви: Ме огреа сонце   


Водителката, од неодамна и пи-ар на Европскиот универзитет и раководител на одделението за маркетинг, Сузана Турунџиева (49), ги полни батериите на Малдиви. Друштво ѝ прави помалата ќерка Матеа.

-Не заспивам јас толку лесно. Имам уште многу за сонување“, вели Турунџиева на социјалните мрежи.

Водителката на забавно-контактната емисија „Недела во три“ редовно објавува фотографии во бикини и од пријателите добива комплименти дека изгледа одлично.

Во март, таа стана баба на внукот Јаков, кој го роди нејзината постара ќерка Лора.

-Во моето семејство со години нè следеа некои трагедии, загуби, несреќи и сл., но одлуката на мојата ќерка Лора да влезе толку млада во брак направи пресврт во нашите животи. Се појави  Филип The Great – како што го викам јас (мојот зет) и секоја наша грижа, солза и тежина ги замени со насмевки, љубов и надеж во поубаво утре за сите. Така ни се случи и Јаков – сонцето на мојот живот. Светилник – кој ја осветли целата планета. Му благодарам на животот што најдобрите луѓе и ситуации ми ги остави за второто полувреме од животот, ни изјави Турунџиева претходно во интервју за „Независен весник“.