Водителката Бојана Скендеровски по втор пат мајка: Ѓорѓи, те сакам


Пејачката и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, вторпат стана мајка. Убавата вест ја сподели со фановите на социјалните мрежи.

– Добредојде Ѓорѓи! Те сакам! – напиша таа на „Фејсбук“.

Авторката на емисијата „Улица Македонија“ со сопругот Васко веќе ја имаат ќерката Искра.

Во интервју за „Независен весник“  претходно ни откри дека грижата околу Искра ја направило поодговорна и несебична, заборава на егото и на личните приоритети. Иако животот и се вртеше околу малата Искра, таа беше ангажирана околу многу гледаната емисија „Улица Македонија“ .

– Кога една жена ќе стане мајка,од нејзината личност се создава друга димензија, сосема поинаква од предходно,заборавате на его трипот,на своите лични приоритети,и пред вас имате едно мало човеченце од 4 кг кое е комплетно зависно од вашата грижа, и таа димензија од вас ве прави поодговорни,несебични,и погрижливи.Сите непроспиени ноќи и болки во грбот ги заборавате во моментот кога вашето бебе наутро ќе ве погледне со оченцата,и ќе ги подаде рачињата да ве гушне…, ни изјави Бојана. (Л.С.)