Водата им се придружи на златото, нафтата и другите производи со кои се тргува на Вол Стрит


Водата им се приклучи на златото, нафтата и другите стоки со кои се тргува на Вол Стрит, што само покажува колку овој ресурс е ограничен и колку, и покрај тоа сознание, ние се грижиме за тоа.

Од оваа недела, земјоделците, хеџ фондовите и општините ќе можат да се обложуваат на потенцијален недостиг на вода, откако CME Group Inc. на пазарот лансира фјучерси за вода во Калифорнија во вредност од 1,1 милијарда долари. Според компанијата, фјучерсите ќе им помогнат на корисниците на вода подобро да управуваат со ризиците и посоодветно да ај усогласат понудата и побарувачката, пренесува Биф.рс.

Ова, навистина, не значи дека ќе се тргува со вода за пиење од цевките на комуналните компании, туку со договори од оваа област. И додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за подобрување на ефикасноста на потрошувачката на вода, аналитичарите велат дека фјучерсите отвораат можност за вештачко покачување на нејзината цена.

Воведувањето на овие „водени“ фјучерси на финансискиот пазар беше најавено уште во септември, кога жестоките бранови и пожарите беснееја долж западниот брег на САД.

„Климатските промени, сушите, порастот на населението и загадувањето веројатно ќе предизвикаат зголемување на цените на водата во следните години“, објаснува Дин Дреј, аналитичар и директор на RBC Capital Markets.

Според Блумберг, снабдувањето со вода е веќе голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните неколку години може да стане за две третини од глобалното население.