Водач на албанско-косовска мафија: Имав шанса да го ограбам Меси, се откажав затоа што се грижам за него


Еден од криминалците кој со години ги ограбува домовите на познатите во интервју за шпанскиот весник „Ел Еспанол“ откри како го направил тоа.

Во подкаст, криминалец кој се претставува како Алберто зборуваше за кражбите во домовите на Карим Бензема, Кристијано Роналдо и Јохан Кројф.

„Го ограбивме Бензема во една прилика кога не не фати“, изјави Алберто и додаде: „Исто така, се обидовме да извршиме грабеж во куќата на Кристијано во Мадеира, но пленот не беше примамлив“.

Во 2012 година сакале да го ограбат и Јохан Кројф од каде успеале да украдат скапоцености во вредност од околу 20.000 евра.

Лидерот на албанско-косовската мафија, кој во моментот е во бегство, откри и дека не сакал да се согласи на одредени грабежи, а еден од нив бил кога требало да одат кај Лионел Меси.

Тоа не се случи на крајот иако имале добра шанса.

„Неколку пати запирав луѓе кои сакаа да ја ограбат куќата на Меси, но не можам да ги спречам сите. Овој пат успеав и многу сум горд на тоа“, изјави Алберто и додаде: „Не толку одамна, пред речиси една година беше планиран и грабеж на неговите родители. Меси во тој момент беше во Париз. Отидов да ја разгледам целата ситуација бидејќи многу добро го познавам и многу добро ја познавам областа. Не го сакав тоа, од почит кон Меси, не го направив тоа затоа што се грижам за него, точка“.

Тој додаде дека наводно командува со повеќе од 100 луѓе кои бараат негова дозвола или информации за да извршат одредени кражби.