Во зима се затоплувате со врела вода? Доктор тврди дека грешите…


Докторот објасни зошто топлиот туш е штетен…

Пристигна студеното време и со тоа пробуваме различни начини за загревање. Од гардероба, до чаеви, па се до туширање со топла вода. И додека некои луѓе уживаат во капењето во топла вода, тие не се ни свесни за ефектите што може да ги има на одредени делови од телото и системите.

Докторот Махиар Мадали, кој редовно ги едуцира своите следбеници за различни здравствени проблеми преку социјалните мрежи, неодамна објави една во која вели дека премногу топлата вода всушност лошо влијае на нашето здравје. Како што посочува, има четири последици кои настануваат по користење на претерано топла вода, изјави д-р Мадали. Тука се:

Сува кожа
Тој истакна дека на површината на кожата има природни масла кои ја одржуваат влажна. Топлата вода може целосно да ги измие и на тој начин да ги исуши. Туширањето или капењето во топла вода исто така може да ги прошири крвните садови и да го зголеми црвенилото и иритацијата на кожата.

Косата страда
„Водата што е премногу топла може да ја оштети косата“, објасни докторот. Имено, прекумерната употреба на топла вода може да придонесе за сушење на косата, иритација на скалпот, губење на структурата, циркулација и миење на боите.

Несвестица
„Ако предолго се туширате со топла вода, тоа може да доведе до нагло опаѓање на крвниот притисок, а потоа да предизвика несвестица“, посочува докторот.

Имунолошкиот систем
Лекарот предупреди дека прекумерната употреба на топла вода може да доведе до можно нарушување на имунолошкиот систем. Кога станува збор за најдобрата температура за туширање, дерматологот од Њујорк Роберт Анолик предлага туширање во млака вода.

„Кожната бариера е составена од кожни протеини и масла кои го спречуваат испарувањето на водата од кожата, заштитувајќи ја од надворешниот свет. Тоа е една од нашите први линии на одбрана од инфекции и загадување“, рече тој.