(Во живо) Средба Пендаровски – Помпео


Претседателот Стево Пендаровски се сретна со државниот секретар на САД, Мајк Помпео во Охрид.

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, кој со висока државна делегација пред малку пристигна во официјална посета на Република Северна Македонија, во моментов одржува средба со претседателот Стево Пендаровски.

Авионот „Air Force 2“ на државниот секретар слета на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, каде во чест на високиот американски државник беше подготвен свечен дочек со гарда и највисоки државни почести.

Добредојде на Помпео и неговата сопруга во Охрид им посака македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров со сопругата. Веднаш потоа американската делегација во која уште е и заменик-помошник на заменикот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Скопје Филип Рикер, замина кон вилата „Билјана“ каде има средба со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

Веднаш потоа, државниот секретар на САД ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев во хотелот „Инекс“.

Протоколот на посетата на Помпео на земјата предвидува после средбите да бидат дадени изјави за медиумите за текот на денешните разговори, а потоа државниот секретар Помпео ќе ја посети и црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид, што беше реконстуирана и конзервиран фрескоживописот средства озбезбедени преку УСАИД од американските даноќчни обврзници.

Инаку, градот Охрид денеска живее во исклучителни безбедносни мерки, обезбедени се не само трасата каде ќе минува делегацијата, туку и во длабочина денови наназад беа контролирани сите пристапни патишта кон трасата, а беа проверувани и запишувани возилата што деновиве се движеа низ градот. Самата траса каде ќе минува делегацијата е целосно затворена за сообраќај, отстранети си лежечките полицајци од коловозот, а отстранети беа и сите контејнери за отпад. Сите општински јавни претпријатија и институции беа мобилизирани за посетата, за што поуреден да биде градот за време на посетата на високата американска државна делегација.

Инаку Охрид и Македонија е четвртата етапа од мини-балканската турнеја на американскиот државен секретар. Тој во Македонија допатува од Црна Гора, а претходно беше во посета на Италија и на Ватикан. Од Охрид попладнево Помпео е предвидено да отпатува во официјална посета на соеедна Република Грција.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/587395138461879/?notif_id=1570182062462902&notif_t=live_video_explicit