(Во живо) Слетување на борбените воздухоплови на НАТО


Фото: Б. Грданоски

Слетување на Меѓународниот аеродром Скопје на борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС, кои учествуваа во активноста со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија.

Со ова се одбележа официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.

На настанот, како што е најавено, присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.