(Во живо) Македонците ќе можат да се лечат од Ковид во Србија и Албанија


Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на Ковид-19 криза.
Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против коронавирусот, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници. Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави.
Албанија и Србија исто така го потпишаа и билатералниот договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

 

-Со денешниот потпишан меморандум за соработка, доколку македонски граѓанин се затекне позитивен на територијата на Албанија или на Србија, а има потреба да биде хоспитализирн и лекуван на таа територија, трошоците ќе ги покрие државата, објасни премиерот Зоран Заев на прес конференцијата.

Исто така Заев објасни дека почнува влегувања за трите земји без дополнителен ПЦР тест и со лични карти, како што беше и досега.

Заев истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу земјите.

„Со денешниот меморандум го поставивме патот за уште подобра соработка на нашите соседни земји, сакаме да го ослениме животот на граѓаните и да поставиме основи за економско закрепнување. Почнувајќи веднаш работиме на координација во обезбедување на ваквина за Ковид-19“, истакна Заев.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е многу среќен и горд што трите земји го потпишаа Меморандумот за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, како што рече тој преку Меморандумот земјите ќе можат заедно да разменуваат информации и ќе превземаат мерки во борбата против коронавирусот.

„Важно е со тоа да создаваме поголема блискост и доверба, да можеме и на најконкретен начин да им помогнеме на нашите луѓе. Со овој меморандум ќе можат нашите болници да ги примат на лекување луѓето од С. Македонија и Албанија кои се заразени со вирусот и на тој начин ќе постигнеме поголема меѓусебна сигурност“, рече српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека е многу важно тоа што земјите меѓу себе не ги затвораат границите оставајќи простор заедно да се борат со вирусот бидејќи тој не познава националности.

„ММФ предвидува дека нашите три земји во следниот период од три години ќе имаат најголема стапка на развој во овој дел од Европа и верувам дека со дополнително поедноставување на процедурите и зголемување на капитал и луѓе можеме да постигнеме многу кога формално ги решивме сите пречки. Ќе имаме многу повеќе Албанци во Ниш што сакаат да ја посетат Србија, но и многу Срби што сакаат да ги видат Драч, Тирана и Валона и сите други места во Албанија, како што сакаат да ги видат Скопје, Охрид и Велес во С.Македонија“, рече Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама потпишувањето на Меморандумот и меѓудржавниот договор за слободно движење на српските и албанските граѓани со лични карти ги оцени како историски чекор напред за трите земји.

„Среќен сум што од утрешниот самит во Софија почнува една нова фаза на нашата тесна соработка и Косово ќе се предружи на иницијативата. Многу е важно таму да ја повториме нашата посветеност за интеграција на балканските земји во ЕУ и зелениот договор кој сите го прифаќаме. Цврсто сум уверен дека оваа иницијатива ќе расте и ќе ни помогне на сите нас“, рече албанскиот премиер.