(Во живо) Првомајски синдикален протест


 

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го одбележуваМеѓународниот ден на трудот со синдикален протест барајќи усогласување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Синдикатот бара линеарно зголемување од 2.806 денари на сите плати во државата, почнувајќи од општиот работник до претседателот на државата.

Протестот  почна во 12:30 часот пред зградата на ССМ по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата каде ќе бидат упатени барањата.