(Видео ) Прво полуфинале на Евросонг во Торино


Италија -Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 66. Евросонг во Торино, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи.

На грандиозната сцена на Пала Олимпико според редоследот, ќе настапат 17 учесници од  Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија. 

Од големата петорка ќе можат да гласаат Италија и Франција. 

Македонија настапува 11. во второто полуфинале, на 12 мај, a финалето е на 14 мај.