(Во живо) Протест на Синдикатот на УПОЗ
– Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска ќе одржи протест пред Министерството за финансии. Како што е најавено, протестот ќе трае од 11:00 – 12:00 часот.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски вчера, на предупредувачкиот получасовен протест пред Државниот завод за статистика, изјави дека 988 вработени сѐ уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок.
-Се работи за вработените во сите инспекторати во државата. Поради доцнење на Министерството за финансии кое навреме не ги презеде обврските согласно законските измени, оставени се 988 вработени без плата, без вратени кредити, без платени сметки во најдолгиот месец од годината. Вчера истече и законскиот рок за исплата на плата која се исплаќа најдоцна до 15-от ден во месецот и се уште нема информација кога и дали овие вработени ќе добијат плата, рече Деаноски.