(Видео) Како се уништуваат бомбите од Битола на Криволак


На армискиот полигон Криволак денеска беше уништен дел од арсеналот од артилериски гранати од Прва светска војна пронајдени на локација во Битола.

Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.потсети дека гранатите беа пронајдени  во централното градско подрачје на Битола и е досега најголемата количина, односно вкупно 12.300 парчиња на артилериски гранати калибар 75 мм без запалки останати од Првата светска војна. Тој соопшти дека јужните и југозападните делови на државата каде што поминувала линијата на тогашниот Солунски фронт,  се уште кријат опасен вид воени материи со ваква содржина,  која постојано се наоѓа од страна на пиротехничарите.

-Во оваа прилика сакам да нагласам дека нивната работа е ценета и вреднувана. Владата донесе одлука за еднократна парична награда во висина од 30 илјади денари да бидат наградени седумте пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување како резултат на нивниот посебен ангажман за пронаоѓање и уништување на гранатите кои беа пронајдени од 27 октомври па наваму, нагласи Максути.

Должност на ДЗС, според Законот за заштита од спасување од неексплодирани убојни средства и други ексклузивни направи е пребарување, детектирање, уништување на лице место,  доколку тоа условите го дозволуваат и транспорт на нусот на определена локација, а потоа уништување, кое додаде, го спроведовме денеска.

-Ова е одлична прилика уште еднаш да ја промовираме нашата меѓусебна успешна и многу пати докажана соработка која и понатаму ќе продолжи да се развива во нагорна линија помеѓу претставниците на МО и на МВР. Уништувањето на оваа количина гранати  ќе се одвива последователно почнувајќи од 15-ти овој месец па се до крајот на февруари, информираше директорот.

Раководителот,  Ефтим Митров рече дека денеска е вториот термин на уништување на експлозивните средства.

-Истите ги уништуваме во четири фугаси во коишто ставивме по 400 артилериски гранати, значи во секој термин ќе уништуваме по 1.600 парчиња,  бидејќи толку и можеме да транспортираме дневно и да обработиме.  Имаме еден тим од Армијата, еден тим од МВР и два тима од ДЗС. Во секоја фугаса имаме чист експлозив два тона и користиме плус уште еден тон експлозив, така што со три тона ги уништуваме овие средства, појасни тој.

Според предвидената динамика следната недела ќе има уште два термина и од 15 јануари се продолжува зависно од временските услови, очекувањата се процесот на уништување на гранатите целосно да заврши до крајот на февруари, соопшти Митров.

На Криволак беа уништен најдените неексплодирани бомби од Битола, од Првата светска војна.

Погледнете како изгледа тоа: