(Видео) СОНК: Штрајкот на училиштата и градинките продолжува


СОНК го продолжува штрајкот се додека не се договорат за барањата и не се постигне заеднички договор.

– Советот на СОНК веднаш ќе го прекине штрајкот, доколку Владата, како што вели да се почитуваат законите и тоа бараме ние како Совет, до септември, односно до изминување на шест месеци од носење на Законот за минимална плата, истата да се усогласи со гранските колективни договори  – рече Јаким Неделков, претседател на СОНК.  

По заклучоците на Владата за условите по кои би завршил штрајкот во образованието и градинките, Советот на СОНК одржал седница на која донеле неколку заклучоци.

– Советот на СОНК констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањето меѓу СОНК, МОН и МТСП, односно со Владата – рече Неделков, додаваајќи дека заклучиле оти се врши силен притисок врз штрајкувачите.

Советот на СОНК заклучил дека се спори правото на штрајк од аспект на запазување на Закон и процедура, односно се бара според кој правен акт е организиран штрајкот и зошто е прекинат воспитно образовниот процес во градинките и училиштата.

Неделков појасни дека по донесување на одлуката за стапување во штрајк, сите акти донесени од Советот на СОНК се испратени до надлежните со што тие се информирани за почеток на штрајот и за условите за негово прекинување. Тој вели дека СОНК не ја организира воспитно-образовнатѕа програма за да им одговорност зошто таа е прекината.

Обвини дека одредени министри ги заплашуваат штрајкувачите дека ќе им бидат скратени дневниците во деновите на штрајк. Тој појасни дека работодавачот е должен да исплати плата на штрајкувачите доколку штрајкот се должи на повреда на правата на работниците, а со Законот за минимална плата и неусогласување на останатите плати, неделков смета дека правото им е нарушено.

Проследете ја  прес-конференцијата на претседателот на СОНК, Јаким Неделков.