(Во живо) Прес на министерот Филипче


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче, ќе одржи прес-конференција денеска во 15.30 часот.

Филипче се очекува да ги објасни понатамошните чекори во справувањето со корона вирусот, со оглед на тоа дека ситуацијата се смирува, а мерките почнаа да попуштаат.

Деновиве беше дозволено работа на затворените трговски центри, во рамки на дозволеното движење, односно пред почетокот на полицискиот час.

Се очекува дозвола за работа на рестораните и кафулињата, а најавено е продолжување на работата на градинките со оглед на тоа дека луѓето почнаа да се враќаат на работа, а малите деца нема кој да ги чува.