(Видео) Уште две недели продолжување на вонредната состојба


Вонредната состојба ќе биде продолжена уште две недели, соопшти претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност.

Tој повика на одговорно однесување од страна на граѓаните во време на пандемија од корона вирусот и казнување на неодговорните.Пендаровски побара од лидерите да се договорат меѓусебно околу датумот за одржување на вонредните парламентарни избори.

-Одлуката за новите 14 денови е продолжена исклучиво со намера да и се дозволи на Владата подобро да се борат со здравствените и социо-економски предизвици и тоа нема никаква врска со датумот за одржување на изборите, рече Пендаровски.

Тој им се заблагодари на граѓаните бидејќи ги почитуваат препораките во изминатите три месеци, но, посочи дека не смееме да се опуштиме.

-Ние оваа битка сигурно ќе ја добиеме, но морамае да останаме совесни и одговорни до самиот крај, рече Пендаровски.

На Владата и посочи дека и покрај високите бројки во некои делови од државата, рестриктивните мерки не треба да се воведат на целата територија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти Кабинетот на шефот на државата.

Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна сотојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Одлуките на шефот на државата за прогласување вонредна состојба останаа непотврдени од Собранието, поради тоа што тоа беше распуштено.

Ако парламентарниот состав не беше распуштен, наместо претседателот Пендаровски, Собранието ќе требаше да ги донесе одлуките за прогласување вонредна состојба, како што е предвидено со Уставот.

Првите две одлуки за вонредна состојба беа оспорени пред Уставниот суд, но тој реши дека нема основа за поведување постапка за оценување на нивната уставноста и законитост.