(Видео) Филипче објави дел од кандидатите за градоначалници

СДСМ нема да предложи свои кандидати за градоначалници во седум општини: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино


 

Извршниот комитет на СДСМ вечерва утврди кандидати за градоначалници за 19 општини каде се завршени внатрепартиските постапки и роковите, а потоа кога ќе се соберат сите, ќе биде доставена на крајна одлука на Централниот одбор. 

Изостана кандидатот за Град Скопје, како и за поголемите градови, како Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, но и Струмица, која се смета за бастион на СДСМ, а претседателот на партијата денеска не соопшти дали ќе го поддржат актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. 

Станува збор за 19 општини за кои се знаат кандидатите, а тоа се:

Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)

Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски

Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески

Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)

Општина Берово – Илија Рунтевски

Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)

Општина Лозово – Ацо Велковски

Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев

Општина Богданци – Блаже Шопов

Општина Дојран – Ристо Џинев

Општина Могила – Зоран Ристевски

Општина Неготино – Петар Мантев

Општина Новаци – Љубе Кузмановски

Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)

Општина Вевчани – Стефан Радионоски

Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)

Општина Ресен – Александар Бузлевски

Општина Штип – Павел Иванов

Општина Гази Баба – Влатко Митовски

Според извори од СДСМ, партијата нема да предложи кандидати за градоначалници во седум општини: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Ова се општини каде се очекува голема битка во албанскиот блок. Во овие општини СДСМ ќе има само листи за советници.