(Во живо) Прес-конференција на Рикер и на Заев


Фото: Б. Грданоски

ВО ЖИВО – директен пренос од заедничката прес-конференција на премиерот Зоран Заев и в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер.

Рикер кој престојува во дводневна посета на земјава, серијата разговори со претставници на власта и на опозицијата, ја почна изутрината со средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во МНР.

Согласно агендата, високиот американски дипломат по средбата со средбата со премиерот Заев заминува за Тетово, каде во седиштето на ДУИ ќе има средба со лидерот на партијата Али Ахмети.

Предвидено е во текот на денов Рикер да има средби и со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со други владини претставници. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, за време на посетата на Собранието, покарј со Џафери, ќе има средби и со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Според најавата од Стејт департментот и соопштението од нашето МНР, централни теми ќе бидат билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/591163914745890/?notif_id=1564130085247760&notif_t=live_video