(Видео) ДИК по завршување на изборите: Излезноста помала од изборите во 2021 – 46,65 отсто
Државната изборна комисија на прес-конференција во 19.30 часот се очекува да ги прогласи локалните избори, односно првиот круг од овие избори, за затворени…
Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија.

„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече Борис Кондарко.
„Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одзив изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.
Излезност за Скопје
Генералниот одѕив на ниво на Град Скопје до 18:30 часот изнесува 46,64 проценти. Конкретно во скопските општини, во Аеродрим излезноста е 45,57%, во Бутел 49,71%, во Гази Баба 41,97%, во Ѓорче Петров 45,09%, во Карпош 49,92%, во Кисела Вода 46,25%, во Сарај 55,20%, во Центар 49,41%, во Чаир 51,27% и Шуто Оризари 35,33 проценти.