(Во живо) Прес-конференција на Централната изборна комисија на СДСМ


Фото: Б. Грданоски

Заврши гласањето на непосредните партиски избори на СДСМ, среде пандемија, при што за прв пат членовите директно гласаа на избори.

Единствен кандидат беше актуелниот партиски лидер и премиер Зоран Заев.

Тој претходно ја промовираше својата програма како кандидат за претседател на партијата, за која рече дека е базирана на пет клучни столба, при што најави „најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.