(Во живо) Премиерот Ковчевски држи предавање на Дипломатската академија Виена


Фото: Б. Грданоски
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи предавање на Дипломатската академија Виена во Виена Австрија. 
 
Тема на конференцијата каде ќе говори премиерот Ковачевски е: „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“. 
 
Предавањето ќе започне во 12 часот.

Дипломатската академија Виена каде ќе се обрати премиерот Ковачевски е основана 1754 година и претставува најстарата академија која нуди едукација и за студенти и за професионалци во областите на меѓународни односи, политички науки, право, историја и економија, каде идните лидери, покрај теоријата која ја изучуваат своето знаење го надополнуваат и преку првокласни истражувања и светски познати програми за обука.

 
Предавањето можете да го проследите во живо: