(Видео) Премиерот Ковачевски во работна посета на Виена, Австрија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ќе биде во работна посета на Виена, Австрија.
Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер.
По завршувањето на средбата, Премиерот Ковачевски и канцеларот Карл Нехамер ќе одржат заедничка прес-конференција.