(Во живо) Премиерот Ковачевски во „Гересхајмер“


Премиерот Димитар Ковачевски се обрача на настан по повод презентацијата на новата втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ-2).

На настанот ќе присуствува и министерот за економија Крешник Бектеши, а по обиколката на производството, обраќања и презентација за новата инвестицијата ќе имаат и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, заменик амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, како и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Новиот производствен капацитет на „Гересхајмер“ ќе биде позициониран непосредно до постојниот, во кој германската компанија веќе произведува пластична амбалажа за фармацевтската индустрија. Новата инвестиција е и најголема поединечна инвестиција воопшто во слободните економски зони.