(Во живо) Почеток на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“


Во просториите на EU House Skopje, ќе организираме медиумски бранч, по повод отпочнувањето на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан “. Кампањата има за цел да ја подигне свеста за можностите создадени од партнерството ЕУ – Западен Балкан.

За време на настанот, ќе имате можност да слушнете презентации од двајцата млади блогери, Елена Василевска и Ник Ван Пут, како и краток говор од амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.