(Во живо) Петличковски: Ди-Те-Пер вакцини за возрасни нема, ги очекуваме деновиве
Од Комисијата за заштита од заразни болести, задоволни се од одѕивот на децата кои во последниот период се вакцинирале со ДиТеПер вакцина, со што стануваат заштитени од пертусис или таканаречена магарешка кашлица.
– Болеста кај возрасните не е страшна, но тие се опасни за малите деца и треба да се внимава да се заштитат. За оваа болест има лек, па на тој начин и ќе се третира – рече Петличковски, појаснувајќи дека случаите на возрасни заболени се кај луѓе до 49 години.
Рече дека вакцини за возрасни во моментов во земјава нема. Но прашање на денови е кога ќе стигнат, затоа што се порачани. Од следната недела, уверен е дека ќе може да се вакцинираат и возрасните кои сакаат. Тоа е истата вакцина, која ја примаат и трудниците.
Појасни дека вакцината заштитува пет до 10 години. Но, возрасните не мора да се вакцинираат со дополнителна доза, доколку во нивното окружување нема деца под една година.
Проследете ја изјавата на д-р Александар Петличковски во врска со состојбата со големата кашлица и условите за пидемија.