(Во живо) Одбележување на 2 Август – Денот на Републиката (Илинден) во Пелинце


Проследете го чествувањето на Илинден 2021 во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија АСНОМ.

Програмските содржини во Пелинце започнуваат во 09:50 часот со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма.

Потоа следува обраќање на премиерот Зоран Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.