(Во живо) Мицкоски потпишува субвенции со менаџерот на „Бреинчајлд“


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел ќе потпишат договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти коишто ќе бидат реализирани паралелно од два правни субјекти.

Бреинчајлд е компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер. Производите вклучуваат крила, едра и дополнителна опрема за летање и сурфање на вода.