(Видео) Марш „Јавна соба“ е кривично дело
Со пароли „Жртвата никогаш не е виновна”, „Непостапувањето е соучество”, „Нашето Не, не значи Да” започна протестот против насилството врз жените пред Министерството за внатрешни работи.
Демонстрантите бараат освен затворање на групите, надлежните да ги пронајдат сите креатори и администратори на „Јавна соба“.
Велат дека жртвите на сексуално насилство се плашат да пријават во полиција бидејќи полицијата не постапувала по ваквите пријави.
„Бараме казни за сите администратори на групи од овој тип кои споделувале информации од девојки, не само од „Јавна соба“, бараме во Кривичен законик да се внесе интернет вознемирување, велат организаторите на протестниот марш.
Со скандирање и свирежи групата демонстранти продолжи пред зградата на ОЈО.
Групата „Јавна соба“ од пред неколку дена е избришана а полицијата приведе четири лица поврзани со оваа група.